Nordmakedonska
Добродојдовте во a-kassan, шведскиот фонд за невработеност!
Ова е a-kassan
A-kassan постои за вие, како работници, да бидете осигурани доколку ја изгубите вашата работа. Шведскиот синдикат на градежни работници a-kassan е тука за вас ако работите во градежната и молерската индустрија.
Зошто треба да станете наш член
Кога ќе станете член на нашиот фонд за невработеност, вие си ја осигурувате вашата плата. Доколку ја изгубите вашата работа, кај нас можете да аплицирате за надомест.
Членството во фондот за невработеност и во синдикатот ја овозможува најдобрата сигурност за вас како вработени.
Како да станете член
Пополнете ја вашата апликација за членство на byggnadsakassa.se. Потпишете со помош на вашата банкарска идентификација. Доколку немате банкарска идентификација, само пополнете ја апликацијата и ќе ви биде испратена дома за да ја потпишете. Не заборавајте да ни ја испратите назад кога ќе ја потпишете.
Осигурување што можете да си го дозволите
Станувањето член на нашиот фонд за невработеност нема да ве чини многу. Износот на членарината можете да го најдете на byggnadsakassa.se. Најлесниот начин да плаќате е со траен налог на вашата сметка. Организирајте го ова веднаш по поднесување на вашата апликација. на byggnadsakassa.se/autogiro.
Јавете ни се!
Јавете ни се доколку имате прашања.
Дали ви треба преведувач?
Доколку имате потешкотии да ги разберете нашите информации, можеби преведувач ќе ви помогне со преводот? Споделете со нас и ние ќе ви помогнеме. И тоа нема да ве чини ништо.
Доколку останете без работа
Кој може да бара надомест од a-kassan?
Секој кој е член на нашиот фонд за невработеност може да бара надомест.
Колку ќе добиете?
Постојат два вида на надомест: едниот се базира на вашата претходна плата (надомест заснован на приход), а другиот се нарекува основен надомест. Кој вид на надомест ви следува зависи од тоа колку долго сте биле наш член.
Надомест базиран на вашата претходна плата
За да добиете надомест врз основа на претходната плата, мора да сте наш член најмалку дванаесет месеци и да ги исполнувате основните услови и условите за работа за време на вашето членство.
Притоа можете да добиете до 80 % од вашата претходна плата до максимум 1 200 шведски круни на ден за првите 100 дена. По овој период, надоместот се намалува на максимум 1 000 шведски круни на ден.
Основен надомест
Ако не сте биле член дванаесет месеци, а инаку ги исполнувате условите за правото на надомест, можете да добиете основен надомест. Притоа ќе добивате максимум 510 шведски круни на ден.
Кои се основните барања?
Основните барања се: да сте регистрирани во Јавната служба за вработување, да нема ништо што ве спречува да работите најмалку три часа дневно или најмалку 17 часа неделно и да сте на располагање на пазарот на трудот.
Што се услови за работа?
Услови за работа се: во текот на последните дванаесет месеци да сте работеле најмалку 60 часа месечно најмалку шест месеци или да сте работеле најмалку 420 часа во текот на шест последователни месеци. Ниту еден месец не може да содржи помалку од 40 изработени часа.
Слободно контактирајте со нас
На нашата веб-страница можете да прочитате повеќе за фондот за невработеност и за што треба да размислите доколку останете без работа. Она што е најважно е да станете наш член и да стапите во контакт со нас доколку имате какви било прашања.
Ние сме тука за вас!